Вредела нула, а грчкото електростопанство ја купило за 4,8 милиони евра. Грчкии “Скај” објави вакви информации за фирмата ЕДС на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Податоците се од билансот на успех на ЕДС.
Компанијата на заменик-премиерот и близок пријател на Заев, Кочо Анѓушев има негативен капитал, нејзините средства не надминуваат 600.000 денари, работи со од 40% од загубите во индустријата и само 11% од прометот. Во исто време, кредитниот рејтинг е негативен, а иако има огромни загуби за 2017 година, ППЦ го купува претпријатието два месеца пред Преспанскиот договор во износ од 4,8 милиони евра, пишува Скај.
Секретарот за енергетика, Џорџ Статакис, изјавил дека превземањето е одобрено од страна на Генералното собрание на акционери, администрацијата на ППЦ има и барање за транспарентност на кое сè уште не е одговорено, бидејќи парите легнале на лични сметки на Анѓушев, а не на групацијата од која била дел ЕДС.
Comments are closed for this post.