Филмот на Јани Бојаџи „Ругање со Христос“ кој ја разбранува јавноста ќе може слободно да се прикажува во кино салите.
Државното правобранителство го повлече предлогот со кој од Основниот суд Скопје 2 бараше времено да гo забрани идното прикажување . Поднесокот за повлекување на мерката забрана го испрати до судот по дополнителните анализи, а на денешното рочиште судијката Сузана Дончевска констатира дека предлогот е повлечен.
Предлогот за забрана беше поднесен од Министерството за култура преку Државниот правобранител Фехми Стафа со образложение дека филмот шири говор на омраза и ги навредува Албанците. Мерката за забрана за прикажување се бараше на филм кој не бил изгледан, туку само врз основа на трејлерот.
На денешното рочиште немаше преставник од Министерството за култура и од државниот правобранител. Присуствуваше само претставник од Хелсиншкиот комитет.
Филмот на Бојаџи вечерва ќе се прикаже во Домот на културата во Штип, а на крајот на месецов и во Прилеп.
Comments are closed for this post.