Додека здравствените власти на чело со министерот за здравство, Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски ја смируваат македонската јавност дека состојбата со коронавирусот ја имаат под контрола и дека ја менаџираат како што треба и дека во болниците има доволно слободни кревети, заменикот на министерот не мисли така.
Заменик министерот за здравство Илир Хасани се почесто излегува во јавност кај што ги побива тезите на неговите колеги. Тој смета дека состојбата со коронавирусот е алармантна и загрижувачка, поради немањето вакцини и слободни кревети тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и да не се изложуваат себеси, а и другите на ризик.
Заменик министерот за здравство како да ни ја соопштува состојбата во која се наоѓа македонското здравство што Филипче и Караџовски се обидуваат да ја затскријат. Додека тие смируваат дека има слободни места во болниците, затоа што вакцини секако нема, тој алармира дека освен во јавното здравство, слободни кревети тешко се наоѓаат и во приватните болници.
Тој во изјава за вториот канал на Македонската радио телевизија истакна дека драстично се зголемува бројот новодијагностицирани лица што резултира со 30% позитивни тестови од вкупниот број направени.
За Хасани е загрижувачки и растот на хоспитализации поради тешки клинички слики и компликации од коронавирусот.
„Соодветно на влошувањето на состојбата, како и другите параметри што нè прават внимателни е и бројот на слободни кревети во македонските болници, особено во градот Скопје, бидејќи Скопје е со најголем број хоспитализирани пациенти, бидејќи апсорбира голем број пациенти кои се во потешка клиничка слика. Вчера имаше 50, додека денес има 20 слободни кревети и тоа се факторите што ни даваат заклучок дека состојбата се влошува, дека сме во пораст на бројот на заразени“, рече заменик министерот за здравство, Илир Хасани за МТВ2.
Пред некој ден Хасани истакна дека Македонија треба да го искористи механизмот на солидарност, како со Србија и од Албанија да побара одредена количина вакцини затоа што кај нив во последниот период, значително се зголемил бројот на дози вакцини, а бројот на дози вакцини што ги има Македонија е незначителен.
Од дуга страна, Илир Хасани вели дека Македонија целосно потфрли во процесот на набавка на вакцините, за кој е овластен самиот министер Венко Филипче.
„Масовната вакцинација започнува кога вакцините ќе дојдат вакцините масовно. Јас навистина не сакам да бидам дел од броевите и датумите. Гледаме дека во Министерството за здравство броевите и датумите не работат за нас. Министерот Филипче е овластен за набавувањето на вакцини, кој е директно вклучен во снабдувањето со вакцините и тој е загрижен, има многу комуникации и досега не сме биле во можност да ги видиме вакцините во поголем број, за да можеме да направи колективна имунизација“, истакна Хасани.
Инаку, пред неколку дена министерот и Филипче и претседателот на КЗБ, Караџовски после долго време одржаа прес конференција, преку која се обратија на јавноста која ја убедуваа дека состојбата со корона вирусот е под контрола и дека дека тие добро ја менаџираат ситуацијата.
Comments are closed for this post.