Филипче, како министер, не решава проблеми затоа што тој е проблемот и затоа треба да понесе одговорност

23.02.2021 / 14:34


Денес занемарувањето на болните пациенти и нивните терапии власта го правда со појавата на КОВИД-19.

Но и пред почетокот на КОВИД – 19 власта ги заборави жените за преглед на рак на дојка. Имено поради зголемување на бројот на заболени жени од рак на дојка во ЕУ, во 2008 година изнесувал 109.9, а морталитетот 38.4 случаи на 100.000 жени.

Поради тоа Владата на ВМРО-ДПМНЕ кон крајот на февруари 2015 година воведува задолжително секоја жена над 40-тина години матичен лекар да и праќа повикувачко писмо/покана со кое што се повикува на задолжителен мамографски преглед за превентива.

Следејќи ги европските и светските насоки, почнувајќи од месец април 2015 година во соработка со кабинетите за мамографија во јавните здравствени установи (вкупно 29 на територијата на Македонија), министерството за здравство почна со организирана „Национална скрининг програма за рана детекција на рак на дојка“. За таа цел, набавени биле нови дигитални мамографи во повеќе јавни здравствени установи, креирани се посебни термини за изведување на скрининг, а Центрите за јавно здравје и Управата за електронско здравство посредувале во закажувањето на термините.

Според владиниот проект од 2015-тата година жени на возраст од 50-69 години се покануваат за мамографски преглед на две години преку повикувачки писма/покани, кои се испраќаат по пошта користејќи податоци од компјутерски софтвер и хардвер кој е есенцијален елемент за повикување на жените, со кој се обезбедува повикување на жените кои никогаш немаат извршено мамографски преглед. А, повиканите жени потребно е со себе да понесат покана – повикувачки флаер и здравствена книшка/лична карта заради личните податоци.Резултатите наодите се внесуваат во електронскиот регистар.

Според информации од министерство за здравство во 2010 година бројката изнесувала 308 жени, во 2015 изнесувала 281, 2016 – 338, додека пак во 2017 година намалена е стапката и изнесувала 279 жени.

Но по стапувањето на СДСМ на власт, и со самото доаѓање на министерот за здравство, Венко Филипче оваа мерка замира, немаат повикано ниту една жена на бесплатен мамографски преглед.

Од тогаш започнуваат проблемите и нереализирање на самата оваа корисна мерка. Имено, пример за тоа е дури пациентките со рак на дојка се оневозможени да прават ехо или мамографија во јавното здравство, и за ваков преглед треба да се упатат во некоја приватна ординација што пружa вакви услуги, велат од „Љубов сме – Jemi dashuri“, неформална група на социјалните мрежи, чија цел е поддршка на луѓето со рак. Но, додаваат тие, проблем е тоа што некои од нив не можат ова да си го дозволат финансиски, а други пак стравуваат да се „мешаат“ со луѓе и се решаваат за одложување. Ова се случуваше во јуни 2020-тата година.

За овој проблем од министерството за здравство потврдуваат дека „мамографијата со оглед на моменталната ситуација со КОВИД- 19, се прави во редуциран број“, и додаваат дека сите пациенти со итен 24-часовен упат се примаат непречено. А, од кабинетот на министерот Венко Филипче не можат да одговорат кога ќе се нормализира работата на болниците во јавното здравство.

Клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, уште на 17-ти март соопшти дека сите термини на пациентите за редовен контролен преглед се одложуваат, а пациентите што примаат хемотерапија и имунотерапија во овој период со ширење на коронавирус да продолжат да се јавуваат на редовниот закажан термин, за да ја примат на време соодветната пропишана терапија. Клиниката препорача таблетарната терапија да ја подигне еден од членовите на семејството на пациентот. Граѓаните се оставени сами на себе да се снаоѓаат за лекување и преглед.

Се почести се апелите за помош и собирање донации, по социјалните мрежи, за своите најблиски да ги лечат во приватните установи. Граѓани се заглавуваат во кредити, за да најдат лек во приватно здравство. Филипче, како министер, не решава проблеми затоа што тој е проблемот. Токму затоа, Филипче веднаш треба да понесе одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Хирурзите со помош на специјални очила со интегрирани камери ќе ги забележуваат канцерогените промени и лимфните јазли кои не можат да се видат со голо око

пред 2 часа
Македонија

Maкедонија не почнува преговори со ЕУ само поради условот што го прифати СДСМ за внесување на Бугарите во Уставот

пред 2 часа
Македонија

Какви тајни крие вилата на Заев во Грција, во неа се криеле и криминалци од црната листа

пред 21 час
Македонија

Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија „MЖ транспорт“ и „МЖ инфраструктура“, ЈО да постапи по ревизорските извештаи

пред 22 часа
Македонија

Чартер туризмот на ДУИ: Полни авиони за празна Брвеница

пред 1 ден
Македонија

Ендру Тејт од Тему

пред 1 ден
Македонија

„5 минути со Чавез“: Вреди и ДУИ се двете страни од иста паричка, кое „зло“ е помало?

пред 2 дена
Македонија

„Блек Фрајдеј“ дојде порано за Перпарим, Артан и Боки 13

пред 2 дена
Македонија

Од каде му на Перпарим Бајрами гаранција од еден милион евра?

пред 3 дена
Македонија

Од Бразил до Брвеница, Венко секаде „победува“ (ВИДЕО)

пред 3 дена
parla iptvUltrabetgrandpashabet girişUltrabetMarsbahis Girişjojobet girişjojobet girişgrandpashabet güncelbullbahisganobetchild pornobetkomcanlı maç izlebetkom girişbahis güvenilir bahis siteleriEn İyi ve Güvenilir Lisanslı Bahis SiteleriEn İyi ve Güvenilir Lisanslı Bahis SitelerijojobetGrandPashabet Güncel girişgrandpashabet güncel girişgrandpashabet girişBahis Sitelerislot siteleriEn İyi ve Güvenilir Lisanslı Bahis Sitelerigüvenilir bahis sitelerijojobetjojobet girişjojobetjojobet girişGrandpashabetGrandpashabetkumar siteleritürkiye nin en iyi yasal bahis sitesijojobetjojobet girişjojobet güncel girişjojobetjojobet girişjojobet güncel girişjojobetjojobet girişjojobetjojobet girişjojobetjojobet girişjojobetjojobet girişjojobetjojobet giriş