Министерот за здравство Венко Филипче изутринава ги посети повредените пациенти во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи на автопатот Скопје-Тетово и во која починаа 14 лица.

Од Министерството за здравство соопштија дека четворица од повредените пациенти во Градската општа болница „8 Септември” и тројца повредени пациенти во Ургентниот центар сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.

Ангажирани се сите ресурси и правиме сé за да ги спасиме животите на тешко повредените. Со повеќе информации ќе излеземе во текот на денешниот ден, информираат од Министерството.