Сега е време сите да се стрпиме и да издржиме. Знам дека е тешко и доаѓаат и верски празници, но ова е период во кој мора сите со почитување на мерките да инвестираме во сопственото, но и во колективното јавно здравје, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Во однос на верските празници кои се пред нас, министерот Филипче нагласи дека ќе важи целосна рестрикција во движењето.
– Сметаме дека за време на тие празници, за време на такви собири, многу тешко доколку има дозволено движење ќе може истото да се исконтролира, така да, ставот ќе биде да важат истите мерки како и за викенд, изјави Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашања за изјавата на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи дека ќе ги повлече повиците да не се посетуваат верските објекти, Филипче нагласи дека ги следат реакциите на граѓаните на јавните мрежи во однос на овие мерки, подвелеувајќи дека ова е период кој мора да се издржи.
– Ова се сериозни мерки за рестрикција, меѓутоа крајната цел е да се заштити здравјето на граѓаните и јас верувам дека сите се свесни за сериозноста на ситуацијата и дека секој гледано низ призма на својот професионален и личен капацитет треба да се заложи максимално до сите до кои што допира – граѓани или групи на граѓани дека овие мерки мора да се почитуваат и сите да се придржуваат до истите, изјави Филипче.
Нагласи дека паралелно со тоа, работи и економскиот тим со мерките кои што се објавуваат, како и за подготовка на сите капацитети за нормализирање на животот тогаш кога ќе биде момент.
Comments are closed for this post.