СДС и ДУИ се единствено виновни за рудникот Иловица. Владата на СДС и ДУИ во 2006 година, застапувана од тогашниот министер за економија, Фатмир Бесими го потпишува првиот Договор за Концесија за Иловица.Ова е Договорот потпишан помеѓу Концесионерот и Владата на СДС и ДУИ застапувана од Фатмир Бесими кој тогаш бил министер за економија, а сега е министер за финансии. Овој Договор е потпишан во 2006 година на 31 мај.Ова е Договорот кој е причина за сите проблеми на жителите на струмичко, откри Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако владата на СДС и ДУИ не го потпишала овој Договор во 2006 година, денеска Македонија ниту ќе беше на Арбитража и ниту ќе имаше страв кај жителите на струмичко дека Струмичката котлина и поширокиот регион може да бидат контаминирани.
Овој договор кој го потпишал Фатмир Бесими, врз основа на Одлука на Владата на СДС и ДУИ за давање на Концесија од 25 април 2006 година е коренот на проблемите.
Лажното лицемерие на СДС и ДУИ е на површина. Обидите да се обвини ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Мицкоски пропаѓаат. Потценувањето на интелигенцијата на граѓаните оди дотаму што тие денес се претставуваат како заштитници и се појавуваат на протест, а вчера на седница на влада гласаат спојување на концесиите и реализавија на нивниот проект донесен со одлука на Влада во 2006 година. Ова е документираната вистина, а таа говори дека рудникот Иловица е замисла и проект на СДС и ДУИ, од почеток до крај. Одговори за срамните изјави дека еден министер во случајот Крешник Бектеши ја довел цела влада во заблуда да ја изгласа оваа одлука нема, па затоа ова јасно потврдува дека оваа влада е спремна да се лаже и меѓу себе само за задоволување на лични бизнис интереси.
И после 17 години, истата таа влада на СДС и ДУИ дозволува проектот да отпочне, а на сето тоа му претходи преземање на Еуромакс Ресурсис од страна на бизнисмен кој важи за близок до ДУИ, Дестани.
Истиот тој Дестани за кој во јавноста се тврди кој нема ниту еден ден искуство, ниту некаква експертиза од копање на злато, треба да ги убеди граѓаните во струмичко дека тој ќе работи по стандарди и средината нема да се контаминира. Зарем некој ќе поверува?
Почитувани, проектот Иловица е исклучиво за ќар на СДС и ДУИ.
Comments are closed for this post.