Поради многуте контроверзии, односно веќе формираниот бренд и бизнис, семејството Заеви се’ се почесто на мета на јавноста, а тука покрај премиерот Зоран Заев, голем медиумски простор зазема и неговиот брат, Вице Заев.
Така неодамна семејството Заеви се најде во јавноста поради наводното давање поткуп од хуманитарни пакети за време на предизборниот процес, односно кампањата, што Вице во интервју за Слободен печат, го демантира.
Вице Заев во своето интервју посочува дека 99% тоа здружение кое било затворено за време на изборите било финансирано од нив.
Доказ дека не се работеше за поткуп вели, е тоа што ниту еден пакет не беше брендиран со наше фамилијарно име ниту со име на партија. Списоците ги добивме од општина Струмица, а тоа беа луѓе кои таму се обратиле за помош. Уште од времето кога беше Зоки градоначалник, имаше многу луѓе што бараа помош, но буџетот на Општината е многу мал, не можеше да им помогне на сите. Уште од тогаш лично им помагавме, истакна Вице Заев.
Што се однесува до фабриките за канабис, Заев потенцира дека тие се во сопственост на нивни братучеди, но не и нивна сопственост. Такашто, како што вели за 90% од оние работи кои му се ставаат на товар не се точни.
Comments are closed for this post.