Адвокатската канцеларија Пешевски – Тимовски ја застапува актерката Силвија Стојановска во случајот 700 килограми кокаин – дознава „Лидер.мк“ од извори во истрагата.
Овој адвокатски тим вчера издејствувал домашен притвор за актерката Стојановска, која се сомничи дека е дел од мрежа за трговија со кокаин кој бил запленет во Шпанија.
Како што дознава „Лидер“, во обвинителство и полиција неа ја застапувал адвокатот Петар Тимовски а во понатамошната постапка за неа ќе бидат ангажирани двајцата адвокати од канцеларијата.
„Лидер.мк“ се обидел да стапи во контакт со двајцата адвокати, но тие одбиле да коментираат.
Инаку, роднина на партнерот на актерката Силвија Стојановска бил фатен од шпанските власти со 700 килограми кокаин, па по барање на шпанските власти се истражува и македонската актерка.
Comments are closed for this post.