Во ИЕ6, каде што на претстојните парламентарни избори ќе се води главната борба меѓу партиите на етничките Албанци, претстои „мртва трка“ меѓу ДУИ и Евроспкиот сојуз за промени (ЕСП), покажуваат податоците од Анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), презентирани во емисијата „Објектив“ на МРТ1.

Анкета изработена за МТВ1 е спроведена телефонски.

Според резултатите од анкетата, во оваа Изборна единица, води ДУИ со 17,9%, а многу близу зад неа е ЕСП за која се изјасниле 16% од испитаниците. ВМРО-ДПМНЕ е трета со 8,1%, пред Алијанса со 7% и СДСМ со 4,4%.

За Левица се изјасниле 0,7%, додека за ЗНАМ 0,6%.

Во ИЕ6, 20% нема да гласаат за ниедна партија, 17,6% не сакале да одговорат, додека 6% не знаат за кого ќе гласаат.

ИЕ6

ДУИ 17,9%

ЕСП 16%

ВМРО-ДПМНЕ 8,1%

Алијанса 7%

СДСМ 4,4%

Левица 0,7%

ЗНАМ 0,6%

Не знам 6%

Не сакам да кажам 17,6%

Ниедна 20%

Анкетата дала одговор и за односот на силите во ИЕ2, каде што во убедливо водство е ВМРО-ДПМНЕ со 19,4%. За СДСМ се изјасниле 10% од гласачите, а трета е ДУИ со 6,5%.

Веднаш зад неа е Европскиот сојуз за промени (ЕСП) со 5,5%, по што следуваат ЗНАМ со 4,5%, Левица со 3,8% и Алијанса за Албанците со 2% од гласовите.

За ниедна партија нема да гласат 22% од испитаниците, не знаат 11,5%, а не сакале да одговорат 13,8%.

ИЕ2

ВМРО-ДПМНЕ 19,4

СДСМ 10%

ДУИ 6,5%

ЕСП 5,5%

ЗНАМ 4,5%

Левица 3,8%

Алијанса 2%

Не знам 11,5%

Не сакам да кажам 13,8%

Ниедна 22%