Измената на обвинителниот акт е пораз на истрагата. Одбраната со своите докази успеа да докаже дека оние дејствија што им ги ставаат на товар на обвинетите не ги сториле и затоа сега Обвинителството посегнува по нови, смета адвокатот Еленко Миланов.

Затоа сега Обвинителството користи нови дејствија по кои одбраната ниту се произнела ниту понудила контра докази. Затоа сметам дека ова е триумф на одбраната бидејќи она што се тврдеше дека е сторено веќе не постои. Сега имаме сосема ново дејствије. На кој начин е сторено терористичко загроување, со насилство или со уметници на протести-прашува Миланов.