Вчерашната прва јавна расправа покажа дека повиканите професори, ексерти, невладини организации немаат поголеми забелешки на уставните измени кои се во тек.
Денеска ќе се одржи втората дебата на која покрај премиерот Заев ќе дебатира и професорот Нано Ружин.
Вчера речиси сите експерти се сложија дека ги прифаќаат уставните измени како неопходни и во согласно со договорот до Преспа и оти се потребни само мали козметички измени за текстот да се подобри.
Забележително беше што на вчерашната дебата немаше ниту еден професор кој ги критикува уставните измени, промената на името, изоставувањето на одлуките на АСНОМ, спомнувањето на Рамковниот договор во Преамбулата и сл.
Професорката Беса Арифи забележува што Преамбулата наместо граѓанска повторно ќе биде етничка и оти Македонија се уште не е подготвена на таков чекор.
Професорот Владо Поповски, кој учествуваше во пишувањето на првиот Устав од 1991 година пак предложи во преамбулата, во новиот текст веднаш по граѓаните на Република Северна Македонија да стои македонскиот народ.
Прецизирањето македонски народ, според Поповски, е затоа што граѓаните на Република Македонија не се национален државен субјект туку се колективен субјект кој се бори за своја држава. Според Поповски, треба да стои и „граѓани кои се дел од албанскиот, турскиот, влашкиот, бошњачкиот и ромскиот народ, а не како што досега стоеше „граѓани кои живеат во нејзините граници“.
Comments are closed for this post.