Поранешниот претседател на ДИK, Александар Чичаковски конкурирал за судија во Управниот суд.
Огласот за избор на управен судија беше објавен уште на почетокот на годинава, а денеска Судскиот совет соопшти дека тој од пријавените кандидати може да оди понатаму во изборот.
Неодамна одредени медиуми повикувајќи се на добро упатени судски извори,објавија дека Чичаковски е личен избор на министерката Рената Десковска.
Инаку Чичаковски беше на чело на ДИК кога американскиот амбасадор Џес Бејли ја откри аферата со бонусите за паралментарните избори во 2016та година, кога си поделиле дополнителни четири плати.
Comments are closed for this post.