Наследник на Изет Меџити, кој доби градоначалнички мандат на Општина Чаир, ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на ВРЕДИ Дритон Сулејмани.
Ние веќе функционираме како ВРЕДИ и досегашните министри кои беа министри на ВРЕДИ а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде назначен друг и за тоа допрва ќе се одлучува. Се уште нема конкретно име, рече Сулејмани одговарајќи на новинарски прашања.







Comments are closed for this post.