Европската комисија потврдува дека денешнатa одлука на министрите за европски работи за почеток на преговори со Македонија не значи и датум за нивен почеток.
„Република“ ја праша Ана Писонеро, портпаролката на комесарот за проширување, кога ќе почнат преговорите со Македонија и зошто не бил следен примерот на Србија и Црна Гора за кои кога се носеше одлука за преговори беше одреден и конкретен датум за нивен почеток.
Ова е одлука за земјите-членки, за деталите за тоа што е донесено треба да го прашате Советот. Тоа е одлука во рацете на земјите-членки.Како што знаете, Комисијата посaкува поскоро започнување на пристапните преговори со двете држави-изјави Писонеро за „Република“.
Comments are closed for this post.