Премиерот Димитар Ковачевски размислува да си поднесе оставка од премиерската функција, дознава „Република“ од извори во СДСМ.
Како што брифираат на „Бихаќка“, неуспехот на лидерската средба делувал разочарувачки за премиерот и тој се посериозно размислува за оставка.
Нашите информации говорат дека е можно Ковачевски оставката до Собранието да ја достави веќе утре иако се наоѓа под притисок од најтесното раководство на партијата тоа да не го стори и по секоја цена да се истурка мандатот бидејќи се свесни дека по избрите одат во опозиција.
Ова не е прв пат Ковачевски да се заканува со оставка. Тоа го најавил и пред еден месец кога рекол дека му е преку глава од се и дка ќе се сели во САД.Во намерата во последен момент бил спречен од спикерот во Собранието Џафери.
Покрај од своите, популарниот Таче има притисок од ДУИ која го има главниот збор во Владата да не дава оставка бидејќи тоа значи сигурно заминување на партијата од Мала Речица во опозиција.
Иако партијата на Груби декларативно и без многу мислење прифатија да излезат од Владата ако ВМРО-ДПМНЕ влезе во неа со цел да се изгласааат уставните избори, се чини дека на ДУИ не им се напушта власта.
Губењето на министерските места за ДУИ би била најмалата штета која би ја претрпеле по излегувањето од власта.
Toа повлекува и разрешување на сите директори, заменици, и разни џаболебари на кои единствена квалификација им е членската книшка од ДУИ.
Покрај тоа, со излегувањето од власта нема да се исполни ветувањето кое им го даде најпрво Заев а а потоа и Ковачевски за премиер Албанец во последните 100 дена од Владата.
Згора на тоа, со паѓањето од власт, Груби и компанија ќе мораат да се соочат и со „Огнените“ кои едвај чекаат функионерите на ДУИ да бидат развластени и да се соочат со своите гласачи кои не им се баш наклонети.
Comments are closed for this post.