Претседателот на Комисијата за европски прашања, пратеникот од ДУИ, Артан Груби коментирајќи го годишното обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во Собранието, рече дека единствено добро е што ова е негово последно обраќање.

Тој предложи паролата „бојкотирам” на невладината организација да се преименмува во „Иванов”.

Инаку на собраниската седница на која се обрати претседателот на Република Македонија пратениците на ДУИ не присуствуваа.