Претеседателот на Собранието Талат Џафери денеска свика координација за договорот со „Бектел и Енка“. Конкретно, треба да се договори со партиите на која комисија ќе се разгледува договорот со американско-турскиот конзорциум но само за оние пратеници со бебедносен сертификат.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на Фејсбук коментира дека нема дилема на која комисија треба да се разгледува договорот и оти тоа е комисијата за транспорт, врски и екологија.

Владеачкото мнозинство ќе се обиде на координација да наоѓа изговори како пратениците да не го добијат коруптивниот Договор за прескапите автопати и на која Комисија би требало да се разгледува.