Единицата за антитероризам ја отстрани експлозивната направа – рачна бомба што беше пронајдена денеска околу пладне крај кафе-барот „Кафе ин“ во центарот на Прилеп.

Според портаролот на МВР Тони Ангеловски, крим- техничкото вештачење треба да покаже за кава експлозивна направа станува збор.

Направата е отстранета и сега следува крим-техничкото вештачење кое треба да покаже за каква екслозивна направа станува збор и за што всушност се работи, а истражната постапка треба да открие дали досега имало некои закани, изјави Ангеловски.

Од МВР ги отфрлаат шпекулациите дека во кафулето била поставена уште една рачна бомба.

Станува збор за таа што е пронајдена и отстранета пред кафе-барот, под една столица, велат од Министерството за внатрешни работи.

Прилечани ги вознемири веста дека во најфрекфентниот дел на градот е фрлена рачна бомба.

Според СВР Битола, сопственикот на кафе-барот Гоце. Т. ја пронашол експлозивната направа околу 12:10 часот и ја алармирал сопственикот полицијата. Единицата за антитероризам од Скопје треба да утврди за што станува збор.