Еден рудар загина, а двајца се повредени при минирање на јама во рудник во село Костур кај Крива Паланка.
Настанот се случил попладнево, потврдуваат од МВР. Од одронот, починало едно лице на 57-годишна возраст со иницијални Б.М, а повредени се 32-годишниот А.Н. и 30-годишниот Ј.М. кои се пренесени во Клиничката болница во Куманово.
За случајот е известен и надлежен јавен обвинител.
Менаџерот на рудникот забранил синдикално организирање
Претседателот на СМЕР, Пеце Ристески во изјава за „Телевизија 24“ во врска со денешниот трагичен настан во рудникот „Тораница“ кај Крива Паланка вели дека менаџментот на рудникот, каде што загина рударот, а двајца се повредени, забранил синдикално организирање.
Comments are closed for this post.