Пратеникот од ДУи,Џеват Адеми на денешната расправа нагласи дека неговата партија не ја поддржува интерпелацијата, пред се поради тоа што пратеничката група, но и нејзините гласачи сметаат дека Спасовски е одговорен, посветен и професионално си ја врши функцијата.

Тој нагласи дека борбата против криминалот не е завршена, тоа е процес, кој продолжува и бара секојдневен напор, а Спасовски уште од првиот ден на функцијата покажал дека има капацитет да се носи со должностите кои проилзегуваат од неа.