Очекуваме позитивен резултат од референдумот и му посакуваме успех на Заев, порача портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа што Грција очекува од референдумот кај нас.
Очекуваме и се надеваме на позитивен резултат, бидејќи сметаме дека ова ќе биде првиот и одлучувачки чекор за Договорот од Преспа да стапи на сила. Му посакуваме успех на господинот Заев и го очекуваме резултатот – рече портпаролот на грчката Влада.
На денешниот редовен брифинг со новинарите, Ѕанакопулос уште еднаш порача дека и покрај ставовите и позициите на коалицискиот партнер во Владата, Панос Каменос, договорот од Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент и ќе биде изгласан.
Comments are closed for this post.