Уставните измени ќе се најдат на гласање пред пратениците на 15 Јануари изјави престаедателот на парламентот Талата Џафери по денешната средба со албанскиот колега Грамоз Ручи.Според Џафери седницата за уставните измени би била закажана на 9 Јануари. Тој потсети дека денеска завршуваат јавните дебати по што владата ќе треба да ги достави амандмаанитте до законодавниот дом.

Целиот процес, според Џафери, би требало да заврши до средината на јануари, а како најверојатен датум кога ќе ја закаже пленарната седница го посочи 9 јануари, односно 15 јануари, кога треба да се случи гласањето за уставните измени, изјави Џафери.