Отворениот конфликт помеѓу потпретседателот на ДУИ Изет Меџити и организацискиот секретар Артан Груби и министерот Бујар Османи, како и несогласувањето на градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети со дел од изборот на министри од ДУИ ја блокира и работата на институциите. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на брифинг со новинарите потврди дека Парламентот не може да заседава, а како причина за тоа го наведе и недоаѓањето на пратениците од мнозинството, меѓу кои и тие од ДУИ. Тој најави разврска на ситуацијата, особено како што вели, за тие кои намерно не доаѓаат на седниците.
Причини за неможноста да се одржи седница има неколку, и тоа недоаѓање на сите пратеници од владејачкото мнозинство СДСМ и ДУИ поради коронакризата или други лични причини, проблемот во пратеничката група на ДУИ, како и противењето на опозициските партии да присуствуваат на седниците и да прават кворум за работа на Парламентот. Сите пратеници имаат обврска да дојдат на работа, а калкулациите се друга работа. Мислам дека ќе има разврска. Никој не кажува дека од ДУИ некој излегува како самостоен или независен. Тоа право го има секој од пратениците. Тоа не може никој да го казнува. А од друга страна да делувам како пратеник од таа пратеничка група, а да не доаѓам, е тоа веќе е лична одговорност – наведе Џафери.
Целиот текст на Плусинфо.
Comments are closed for this post.