Талат Џафери вчера ја прекрши деморатијата. Тој не даде пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за да не го прашаат Спасовски за Мафија 1 и 2, oбвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Спасовски нема аргументи, ниту знае како да се вади, затоа што до гуша е во криминал. 215 балкански и светски наркобосови во време на Оливер Спасовски и Зоран Заев добиле македонски пасош со друг идентитет и со тој пасош слободно се шетале низ светот. 215 наркобосови и терористи убивале и правеле криминал низ светот со македонски идентитет кој им е овозможен од македонските власти. Спасовски избега за да не зборува ниту за 20.000 двојни матични броеви. Интерпелацијата помина без ВМРО-ДПМНЕ, затоа што власта се плашеше дека Спасовски ќе биде прашан и за дрогата со која беше фатен возачот на Трајче Заев, но и за акцијата со наркобосовите од Грчец и Арачиново која им беше пробиена од внатре, велат од партијата.
Од таму додаваат дека спасовски избега да даде одговории за спорните набавки на автомобили, но и за давањето на лиценците за испитните центри на новоформирани фирми, на луѓе блиски до Спасовски и Заев.
Спасовски избега затоа што нема одговори ниту на овие, ниту на стотина други прашања, избега затоа што е заштитник на мафијата. Избега сега, но бегање нема. Одговорност ќе има, стои во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.