Претседателот на Собранието е упорен во ставот дека изборите не треба да се одржат и оти во овој момент Парламентот нема услови да се собере
„Предусловите за одржување на изборите се невозможни и непотребни и свесни сме за новата состојба. Изборите не треба да се одржуваат. Од правен аспект, заклучокот е дека Собранието не е во можност да се собере. Во тој контекст, предлогот беше неопходно да се објави вонредна состојба, која ќе овозможи други институции соодветно да делуваат. Од владата ќе биде упатена предлог одлука, јас ја очекувам таа во секој момент да ја добијам. Истата предлог одлука врз основа на Уставот, поради општа констатација дека Собранието не може да се собере, ќе биде упатена кон претседателот на државата. Од формален аспект, Собранието не може да се собере поради мерките за забрана на собирање за поголеми групи во една просторија“, истакна Џафери
Comments are closed for this post.