Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и потпретседателот Горан Мисовски денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, даваа исказ по кривичната пријава што ја поднесе Здружението на граѓани за почитување на прописите од Битола, кое го оспорува изборот на Џафери за претседател на Парламентот, потврдија од ЈОРМ.
Џафери и Мисовски во Обвинителството се изјасниле дека изборот на претседател на Парламентот на 27 април минатата година бил легален и легитимен.
Мисовски изјави дека изборот на Џафери бил спроведен согласно со Уставот и Деловникот и дека тој е легитимен и легален претседател на Парламентот, а Џафери рече дека го повикале да даде исказ и тој ја исполнил својата должност како и секој граѓанин.
Покрај нив, во Обвинителството, пред неколку дена исказ давал и пратеникот Ферид Мухиќ, кој на седницата на 27 април на која беше избран Џафери ја презеде улогата на претседавач со седницата.
Кривичната пријава е поднесена против сите пратеници кои гласаа за изборот на Џафери за претсеадтел на Собранието на РМ за „ злоупотреба на службената положба и овластувања“.
Comments are closed for this post.