Неприфатливо е осудените за 27 април да бидат во затвор додека терористите од 2001 година да бидат во законодавната, извршната и судската власт. Оттука, од говодница пред Собранието актерката Арна Шијак побара слобода за осудените за 27 април пред четири години. Шијак во името на демонстрантите и организаторите на протестот под мотото „Слобода за уставобранителите“ побара предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври годинава.
Поради велепредавството на името на државата, Македонија, и идентитетот на македонскиот народ со договорот Заев-Борисов од први август 2017 година и спогодбата Димитров-Коѕијас од 17 јуни 2017 година, поради суспензијата на референдумот од 1991 година, и референдумот од 2018 година, поради криминалот и корупцијата, поради политичката, здравствената и економската криза, поради сиромаштијата, мафијата, емиграцијата, поради непријателската трансформација на една суверена држава во криминална територија, бараме распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори оваа година, рече Шијак.
Таа кажа дека Македонците од светот и во земјава се обединети на протестот.
Неприфатливо е водачите на ‘За заедничка Македонија’ да бидат осудени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а терористите од војната во 2001 година да бидат дел од законодавната, извршната и судската власт. Патриотите не се терористи. Тие се родољуби, има разлика. По повод годишнината во Собранието на 27 април 2017 година, Македонците по род и државјанството во татковината и светот, се единствени и обединети во организацијата на овој семакедонски народен протест и слобода на уставобранителите. Ова е борба за правда и слобода на татковината. Ова е борба за слобода и победа за Македонците и Македонија“, додаде Шијак.
Таа побара слобода за сите осудени лица за настаните од „крвавиот четврток“, заедно со присутните, читајќи ги првостепените казни на осудените, кои потоа беа намалени од Апелациониот суд.
Бараме слобода за Јане Ченто осуден на 15 години затвор, Горанче Ангеловски осуден на 12 години затвор. Игор Југ, осуден на 12 години затвор. Вилијам Михајловски осуден на 14 години затвор. Младен Додевски осуден на 12 години затвор. Влатко Трајковски осуден на 15 години затвор. Оливер Поповски осуден на 13 години затвор. Оливер Радулов осуден на 10 години затвор. Мунир Пепиќ осуден на 15 години затвор. Митко Пешов осуден на 15 години затвор. Митко Чавков осуден на 18 години затвор. Никола Митревски осуден на 15 години затвор. Абдуљфета Алими осуден на 7 години затвор. Николчо Димитриевски осуден на 10 години и 6 месеци затвор. Коста Делов осуден на 10 години и 6 месеци затвор. Душко Лазаров, осуден на 15 години затвор.. Оливер Ошаковски осуден на 10 години и 6 месеци затвор. Александар Јаневски-Тошта, Кире Ѓоргиевски осуден на 13 години затвор. И Горан Ѓошевски осуден на 15 години затвор. Вкупно 268 години и шест месеци, додаде Шијак.
Comments are closed for this post.