Пронајдени се телата на четворицата патници од малиот авион што се урна на Солунска Глава. Во несреќата животот го загубиле две девојки на возраст од 14 и 18 години, како и двајца возрасни, сите бугарски државјани.
Загинати се 49-годишниот Георги Бошнаков Ангелов, неговата сопруга, 47-годишната Калина Корнајева Цонева и двете ќерки, 18-годишната Билјана Бошнакова Георгиева и 14-годишната Гергана Бошнакова Георгиева.
Остатоците од авионот се лоцирани на непристапен терен на голема височина, од хеликоптери и спасувачки екипи од МВР, информираат од КИНСИВ – Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Сепак, поради лошите временски услови вечерва, акцијата за извлекување на телата ќе продолжи в среда.
Авионот Цесна за кој во 16:16 часот од М-НАВ беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија од припадници на МВР е пронајден нешто по 19 часот на околу пет километри северозападно од Солунска глава – информира портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Авионот од типот „Цесна П210Н“ полетал од Охрид кон Софија попладнево по што кога бил над Солунска глава го загубил контактот со радарскиот систем на контролата за летање. Остатоците се пронајдени на пет километри северозападно од Солунска Глава.
Comments are closed for this post.