По три години пауза на Клиниката за урологија е извршена трансплантација на бубрези од починат донор изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој изрази голема благодарност до семејството на починатото лице, кое одлучило да ги донира органите и посочи дека бубрезите се донирани на двајца млади пациенти.
Работиме да го подобриме процесот на трансплантација. Ги интензивираме разговорите со Евротрансплант. Се надеваме дека ќе влеземе во листата на земји кои ќе можат да донинираат органи, како и дека преку тоа ќе можеме да користиме за нашите пациенти. Планираме и сериозна инвестиција во делот на Клиниката за анестезија, а посебно во Центарот за трансплантација, наведе министерот Филипче.
Посочи дека ги воведуваат и сите лекови кои се потребни за подобрување на процесот на трансплатација.
Целта е не само да ги направиме овие органи, на за жал починатите, достапни за нашите пациенти, туку да може ги направиме достапни тогаш кога нема да може да најдеме наши компатибилни пациенти и за пациенти во Европа преку Евротрансплант. Поради тоа ја отвораме вратата преку веќе направените договори со Хрватска за органи од починатите пациенти да станат достапни за нашите, изјави министерот за здравство.
Националниот координатор за трансплантација Маја Мојсова информираше дека на листата на чекање за трансплантација на бубрези се уште околу 70 пациенти.
Comments are closed for this post.