Еден ден по ветото од Бугарија, кое Заев наместо со вистинскиот збор го нарекува „недонесување одлука“, премиерот наместо за одговорност говори за чувства и емоции.

Па така, слушнавме дека ова го боли и кине но но оти е подготвен за нова, правнообврзувачка Декларација со Бугарија. Заев е должен да објасни што тоа значи, дали ќе го поништи посточкиот Договор за пријателство?

И уште поважно, дали со таа Декларација Бугарија ќе има некакви обврски или тој ќе биде еднострам како Договорот што го потпишаа Заев и Борисов.

 

Заев вчера пак повтори дека со Бугарија имаме заедничка историја. Но, само пред неколку дена тврдеше дека тој не се согласил на заедничка историја со источниот сосед.Нека се преиспита самиот себеси што е точно.

Ова боли кине. Зарем бугарскиот народ со кој единствено имаме прифатено заедничка историја на Договор кој што стана закон во државата-рече вчера Заев

По се изгледа дека и работата со Гоце Делчев е завршена само Заев чека погоден момент како тоа да го „продаде“ на јавноста. Заев вчера истакна дека имаме заедничка историја со Бугарија, како и дека Гоце Делчев бил заеднички херој од историјата.

Поради сето ова, сега не е време за покажување емоции, за ронење солзи и глумење на жртва. Сега единствено што се бара од Заев е држење до зборот, одговорорност и оставка.