„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед на возилата. Компанијата ги праќала автобусите во Авто – мото здружение Гостивар кое е во сопственост на истите газди, потврдија од МВР.
Од Државниот инспекторат за транспорт велат дека компанијата уредно поседувала 4 лиценци за превоз, 2 за внатрешен и 2 за надворешен транспорт. Овие лиценци имаат рок на траење од 5 години, а техничките прегледи се вршеле два пати годишно.
„Дурмо Турс“ има широка лепеза на бизниси – туристичка агенција, транспорт, авто школа, станица за технички преглед.
Comments are closed for this post.