ДУИ до тој степен се фиксирани за Србија што според јунговата теорија на себе проекција слободно може да заклучиме дека се чувствуваат самите како поголеми Срби од Србите, дури чувствуваат и изневерување зошто Милош Биковиќ не отишол до Зајас.

И толку се провидни со тезата за српскиот свет, што покажуваат само потценување на сопствениот народ.

Не пијат Албанците нафта од Пуцко петрол за да веруваат во глупостите на ДУИ и необмислените тези.

Албанците се мудри и искусни и знаат да препознаат што е вистина, а што очаен обид на ДУИ да дефокусира од суштинската тема, како раководството на ДУИ од овчари станаа шеици, а притоа албанскиот народ осиромашува и се иселува од државава