Ја издржавме некако изборната кампања. Само ДУИ се во паника па мораат да носат гласачи од “Швицарска“. За албанско Кичево демек. Не постои албанско или македонско Кичево.Тоа е на сите граѓани и Македонците и Албанци, само ДУИ тоа не може да го разбере.Тие уште живеат во филмот од 2001-ва, море се и во 19-ти век со размислувањата.

Зоран Заев се врати од ДУИ да ја дозакопа СДСМ. По избори ќе и даваат парастос. Ова се главните теми за петта епизода од ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Автор: Игор Чавески

Монтажа: Александар Арсовски