Голготата на 47-те медицински сестри кои беа примени во проектот од страна на Министерството за здравство продолжува.
Првиот нивен договор за вработување со Здравствен дом Скопје бил склучен на 1.10.2019 година и траел до 30 април 2020 година кој поради пандемијата со коронавирусот бил продолжен лично од министерот за здравство Венко Филипче за уште шест месеци, поточно до 31 октомври 2020, но по неговиот истек речиси 50-тина медицински сестри веќе од вчера седат дома во време кога државата се соочува со недостиг на медицински кадар.
Пред истекот на нашиот договор ние поднесовме писмено барање до Министерството за здравство со цел да дознаеме што ќе биде со нашиот проект, на 14 октомври минатиот месец добивме устен одговор од координаторката на нашиот проект дека со ребалансот на буџетот се одобрени средства за нашиот проект и дека истиот се продолжува до 31 декември 2020 година, односно за уште два месеци, велат за КУРИР медицинските сестри од оваа служба кои веќе седат дома.
целиот текст овде.
Comments are closed for this post.