Зајас е мало место и сигурно е дека го знам  Ислам Абази, вели бизнисменот Дрин Ахмети за фотографијата на која се неговиот татко и обвинителот за организиран криминал. Тој во интервјуто за „Република“ вели дека неговиот чичко Али Ахмети не му помага воопшто во бизнисите.

Интервјуто со Ахмети го водевме на англиски јазик во зградата на „Соравија“ за која вели дека се уште му припаѓа на досегашниот сопственик Хано Соравија, но оти во тек е постапката за преземање од страна на американскиот бизнисмен со албанско потекло Ник Назар Мехмети.

Господине Ахмети, интервјуто го водиме во зградата на Соравија, на англиски јазик.Зошто на англиски? Македонскиот јазик е официјален јазик во Македонија.

Зборувам по малку македонски. За жал, мојот македонски не е толку добар, па не можам академски да зборувам или да ги објаснувам деловните процеси. Цел живот учев на англиски, па дури и да треба да одговарам на прашања на албански, кој ми е мајчин јазикми е потешко отколку да зборувам на англиски. Не мислам да не ги почитувам официјалните јазици и македонскиот и албанскиот, но полесно ми е да се изразам на англиски.

Зошто инсистиравте интервјуто да го водиме во оваа зграда? Дали сте загрижени за вашата безбедност?

Ние ги поканивме сите новинари кој сакаа да направат интервју, рековме дека смеотворени и мислам дека беше ваше барање да дојдете овде. Не сум сигурен. Тоа го знае мојот шеф на кабинет кој беше во комуникација со вас и тој рече дека вие ќе дојдете тука.Немам возачи, немам телохранители, си одам сам дома, сам возам. Никогаш во животот не сум се чувствувал побезбедно.

Бевте до јавното обвинителство да дадете изјава. Со оглед на тоа дека против вас се водат две постапки во обвинителството, дали сведочевте за двете обвинителства, и за обвинителството за организиран криминал и зајавното овинителството?

Не. Во врска со обвинувањата на Соравија, јавниот обвинител никогаш не побарал дададам исказ. Никогаш не сум имал каква било покана од нив. Ова беше покана запредметот за концесијата на компанијата „Еверест“, при што на јавниот обвинител му ги дадов исплатите што ги извршивме,  значи исплатите што ги направиле, вклучувајќи ја и каматата што е платена за доцнењето соисплатите.Причината за доцнењето со исплатите, а ние и оваа година доцниме, е, ако погледнете надвор, гледате дека има снег. А ние треба да одиме токму сега на терен за да ги извршиме мерењата. Законот вели дека на 31 декември треба да ја затворитегодината и треба да ги имате готови мерењата. Но, ниту еден геодет не може да оди таму да мери во моментов. Ова е техничко прашање. И секоја година од кога сум на чело на „Еверест“ ние доцниме, плаќаме во февруари, во март, не ме земајте на збор, но секогаш доцневме поради оваа причина. Бидејќи рудникот кој го работиме, каменоломот е на надморска височина од приближно 1.200 метри. Така да, поради таа причина, таму секогаш има снег во овој период од годината и тешко е да се изврши мерењето.

Се уште имате концесија за рудникот, за минералите?

Да, имаме концесија, работиме и таму се вработени луѓе.

Дали очекувате да бидат покренати обвиненија против вас?

Па не знам, тоа треба да го кажат институциите. Јас им кажав што знам, сведочев за онашто го знам, за што бев свесен. Им објаснив дека ова е темелен процес кој вклучувамногу луѓе. Ова го вклучува нашиот инженерски кадар, вклучува други ангажираниконсултанти кои работат со нас во согласност со законите за минерали. Значи, тоа не е само моja работа, многу луѓе се вклучени. Имаме многу луѓе ангажирани да го следат законот, имаме адвокати, имаме сметководители, сè што треба. И самите ги поканивме институциите да видиме дали сме направиле некакви прекршоци. И тоа е се во тааприказна. Чекаме одлука од обвинителите

Дали ја знаете оваа фотографија, ги познавате овие луѓе?

Да, ги знам.

Дали верувате дека е можна непристрасна истрага против вас кога има фотографија одобвинителот за организиран криминал Ислам Абази со вашиот татко?

Ајде накратко да објаснам. Го познавам таткото на Ислам Абази, професорот Асан Абази. Тој е наставник по историја во средното училиште во Зајас, беше професор, сега е во пензија. Јас го познавам неговиот татко. Зајас е мало место, веројатно 4.000 луѓе живеаттаму. Можеби 4 или 5 илјади луѓе, не ме земајте за збор. Веројатно бројот на постојанижители е уште понизок. Не ме земајте за збор. Таму сите се познаваме. Сите знаеме еденза друг. И не мислам дека господинот Абази како обвинител е директно ангажиран во ниту еден мој предмет. Но, згора на тоа, господинот Абази го немам сретнато одпочетокот на истрагата. Ниту татко ми го сретнал, колку што јас знам, ниту некој од моетопотесно семејство. Значи, сите се познаваме, мала држава сме. Кој и да е човекот, многу лесно можеш да го најдеш во Македонија. Ние не сме држава од 20 милиони луѓе.

Дали сте семеен пријател со обвинителот Абази?

Не, не, тоа беше настан, затоа што татко ми, тој седи таму е затоа што на тој настан имавме собрани 40 или 50 луѓе,а татко ми сака народна музика. Тој имаше покането неколку пејачи таа вечер, и има ивидеа од тој настан. Ние славиме семејна пригода. Значи, така, тој ни е познат, го знам,сум го сретнал можеби 4 или 5 пати во животот, но никогаш не сум го прашал ништо.

Има информации дека сте патувале заедно со г. Абази.

Јас? Никогаш во мојот живот. Никогаш во животот не сум бил во кола со него. Кажете слободно кој ден било тоа, не било никогаш.

Овде сме во зградата на Соравија. Кој е нејзиниот вистински сопственик? Дали е Хано Соравија, ти или Ник Наџар Мехмети?

Ниту еден од нас.

Ниту еден? Значи работите се доста комплицирани.

Да, комплиирани се. Бидејќи во Македонија луѓето мислат, во Македонија луѓето мислат дека секоја трансакција е толку проста, одите некаде како да купувате некоја малапродавница за слатки, плаќате и ја земате тапијата. Големите бизниси не функционираат на тој начин. Тоа е друга структура.Засега тапијата му припаѓа, и понатаму е на г-динот Хано Соравија. Но ние работиме надоговор. Извршивме плаќања кон него и тоа е прашање на процедура, прашање на време на обработка на договорот од различни јурисдикции кои се вклучени во зделката и занеколку недели таа ќе биде затворена и ќе има нов сопственик. Овој сопственик е фонд.Тоа ќе биде структура наречена „Гондолинг капитал“, која е основана од мене, но има многу инвеститори,вклучително и институционални инвеститори. И тоа е целата приказна.

Дали г. Мехмети е поранешен финансиер на УЧК?

Не, не сум свесен за тоа.

Дали знаевте дека тој поседува стриптиз барови во Далас, САД?

Не знам за тоа. Никогаш не сум ги видел, не знам, никогаш не сум го прашал за тоа,бидејќи тоа се чувствителни работи и не сакам да ги прашувам луѓето нешто што можебисе чувствуваат непријатно да го споделат. Но, тој ми даде негова проверка извршена одстрана ФБИ – и е 100 проценти чист, без обвиненија за ништо, без недозволени активности.

Тој нема проблеми со законот во САД?

Не, апсолутно не. Тој е на суд, сите во САД се постојано на суд, но нема незаконски активности, тој не е кривично обвинет за ништо. Имам проверка на неговото минато.

Како влеговте во заедничка инвестиција со господинот Мехмети?

Лесно беше, тоа беше преку моите врски во Сенатот на Тексас.  Еден Американец ме запозна со него. Не сакам да кажам кој, но еден американски политичарне запозна. Тој ни рече, вие сте од Македонија, имаме некој што е од Македонија во Далас. Праша дали би сакал да го запознаам.

Велите дека се е чисто?

100 проценти. 100 проценти. Ако има нешто.. до денес тој е 100 проценти чист затоа штоги имам неговите проверки. А и тој има моја проверка. Но, не знам што може да се случиутре. Никој не знае. Затоа не се прават статуи за живите луѓе, затоа што не се знае какоќе завршат. Но, до сега, тој е 100 проценти чист.

Колку вујко ви ви спомогна со вашите бизниси во Македонија?

Нула.

Се чини дека е полесно да се работи кога на ваша страна го имате можеби најмоќниотчовек во земјата.

Не.Со кој може сите врати да ви се отворат.Луѓето овде во нашата земја, за жал, сè уште имаатнегативно расположение кон бизнисот. Сега, верувам дека вие доаѓате од централнодесничарски медиум  и повеќе го цените бизнисот отколку социјализмот.Значи, нема да навлегувам во политика или филозофија, но ако можете да наведете едналичност, компанија, субјект со кој вујко ми ме поврзал или вршел притисок да ми помогне,било кој субјект, можете да кажете дека беше овој, оној, нема ништо такво. Никој,никогаш. Да, тој влијаеше на моето воспитување како дете затоа што го користев како пример каков треба да биде еден човек а не политичар. Кога бев дете, не знаев дека тој е важна личност. Не знаев. Кога растев, сфаќав дека ако си важен човек, не одиш наоколу да им кажуваш на луѓето декаси важен, туку едноставно си, го знаеш тоа и си достигнал ниво на самопотврдување и не ти треба да се пофалиш со тоа. Тоа е една од најважните лекции што ги научив од него.Но, што се однесува до мојот бизнис, една и пол година сите ме истражуваат. Не најдоаниту една врска меѓу мене и него бидејќи нема.

Дали сметате дека Фондот за иновации одлучувал објективно, непристрасно и независнода им даде на вашите компании средства што се издвојуваат од овој фонд?

Ние аплициравме до Фондот за иновации за 10 проекти, а добивме два. Од она што го знам и од она што е моето разбирање, а мојот персонал го знае ова подобро, имаше странски одбор на луѓекои одлучуваа кои компании ќе добијат грантови. А опремата од Фондот за иновации штоја набавивме е тука, во овие простории, можете да ја видите по интервјуто. Потоа нѐ натераа да ги вратиме сите пари што ги добивме поради некоја чудна причина, и ние госторивме тоа. И тоа е целата приказна. Ние сме иновативна компанија, отворивме ИТ оддел, имаме договори во САД и, во ред аплициравме.

Аплициравте за проектите?

Да, да, за проектите. Законски, одговоривме на повикот и од 10 проекти на коиаплициравме, добивме два. Осум проекти не ги добивме.

Каде можеме да ги видиме проектите на Фондот за иновации?

Ќе ви ги покажам токму овде. Кога ја отворивте оваа врата, видовте печатач, на него имаод фондот за иновации…

Каква иновација е печатач?

Бидејќи грантот беше да се купи опрема, не беше за иновации, туку да се купи опремапокриена од грант. Не го разбирам тоа 100 проценти затоа што мојот тим ја водешеапликацијата и бевме прифатени. Компании, млади компании се финансираат од Фондотза иновации за набавка на опрема. Ние купивме компјутери, го претставивме бизниспланот за што ќе ги користиме компјутерите, што ќе правиме со нив и тој бизнис планбеше одобрен. Од 10 апликации добивме две. И, колку што јас се разбирам, имашестрански одбор кој одлучи да ни ги доделат овие средства.

Колку пари земавте од Фондот за иновации и за кои проекти?

Не знам. Морам да проверам со вработените. Навистина не знам. Јас не бев вклучен вопроцесот на аплицирање, мојот тим беше тој што ја направи апликацијата. Ни дадоазелено светло затоа што не видоа ништо лошо.

Кои сметки од вас се блокирани и зошто?

Значи три сметки ми се блокирани, не знам зошто. Еден од нив е блокирана од Управатаза јавни приходи. Мислам дека сите три се блокирани од Управата за јавни приходи.Работиме со нив на изнаоѓање решение за реструктуирање на долгот кој според нив останал неплатен. Затоа што за жал во Македонија немаш право да се жалиш, да кажеш,чекај, не ги должам парите, туку само ти ги блокираат парите. Не е како во земјите одпрвиот свет каде што прво даваат најава, па втора најава, па известување, па дури потоадејствуваат. Тука само ти ја блокираат сметката и тоа е тоа.

Ако се регуларно платени зошто и понатаму остануваат блокирани?

Не е регуларно блокирани, не знам зошто. Сметките беа заклучени веројатно околу јули,па потоа беа деблокирани, па повторно блокирани, па пуштени.. И поради оваа причина,за да го задржиме најголемиот дел од мојот персонал, моравме да им поделиме акции надел од вработените. И го направивме тоа.

Можете ли да објасните како успеавте да ги решите проблемите со блокираните сметкиза време на претходната и сегашната власт?

Не успеавме да ги решиме, само плативме. Ни земаат пари од сметката и тоа е тоа.

Кој е сопственик на Тор Индустрис? Имавте најава дека се повлекувате и декакомпанијата ја презема Ник Наџар Мехмети.

Така, од сега, Тор Индустрис е исто така дел од реструктуирањето. Јас излегов од Ториндустри, потпишав, направивме докапитализација преку компанијата на господин Мехмети – „Тексас Американ Холдингс“. Значи оваа компанија во новата структура ќе јапреземе господинот Мехмети. Имаме претежно имот во странство, а не во Македонија процентот, конечната пресметка колку проценти ќе биде во чија сопственост ќе биде во согласност со новата пресметка што ќе ја направи инвестициската банка.

Значи наскоро сите ваши фирми ќе бидат во сопственост на господинот Мехмети?

Не, не не. Правиме процес на зголемување на капиталот. За ова зголемување на капиталот тој стави 12,3 милиони евра. Инвестициски банкар ќе ја проценува компанијата. Имам комерцијален договор за попустот што ќе му го дадам за проценката и тој ќе ги земе акциите. Дали тоа ќе биде 100 посто  или ќе биде 10 проценти не знам, бидејќи пресметката се уште се чека и ја прави меѓународна банка.

Има информации дека сте влегле и во бизнисот со електрична енергија. Дали е вистина?

Не. Тоа не е вистина. Имаме концесија за која аплициравме во 2018 година. Ни беше доделена во 2019 година и веќе пет години работиме на документацијата за да добиемеградежна дозвола што беше многу потешко отколку што очекував. Досега имамеинвестирано над 200.000 евра само во дозволи и се уште немаме одобрение за градба.Се обидуваме да добиеме градежна дозвола. Тоа е инвестиција, тоа беше наша сопствена иницијатива бидејќи многу добро го познаваме регионот во Бачишка Река. Ние аплициравме, нашиот проект беше оценуван. Ќе видиме.

Колку вработени има во вашите компании?

Во еден момент имавме над 400 вработени. Во моментов сме многу помалку, сметам дека во целата група сме меѓу 70 и 80 луѓе. Имаме некои кои се целосно вработени и некои кои се со договор за услуги. Не ме земајте за збор за точната бројка затоа што направивме многу кратења, поради проблемите што ги имавме со блокираните сметки, и беше невозможно да ги задржиме сите, така што бројката сега веројатно е 70-80 луѓе.

Имате 26 години, нели?

Да, така е, колку што имал и Александар Македонски кога владеел со половина свет.

За што ви беа тие 750 пиротехнички средства за кои бевте приведен во полиција?

Значи, морам да објаснам две работи за ова.

Дали плативте казна?

Не, судот се уште не одлучил дали треба да платам казна. Јас сум на суд и не знам заказната, кога ќе знам ќе ви кажам. Како прво, треба да знаете дека ние како компанија „Еверест“, и јас лично, имаме дозвола за увоз, складирање и детонирање експлозиви. Овае лиценца која ја даваат сите институции во Македонија, Министерството за внатрешниработи и сите безбедносни агенции во државата, кои ни довериле лиценца која е исклучително ретка – дека можеме да детонираме експлозиви. Ги користиме зарударските активности за кои сме лиценцирани.Второ, тие огномети беа купени преку фактура, легално, а беа купени затоа што кога си одев дома на новогодишната ноќ, сите мои внуци и внуци беа таму, и сакаа шоу со огномет, како што мислам дека сака и секое дете во Македонија. Не за тие да ги детонираат, туку да го гледаат шоуто. И ние ангажиравме компанија да го направи тоа. Огнометот беше платен преку фактура, фирмата беше од Гостивар, требаше да дојдат утредента да го активираат, и јас мислев дека се е ок, дека се е според правилата. Не знаев дека ќе се случи масовно да се зборува за тоа една цела година. Не го знаев тоа, да бидам искрен. И после сето тоа што се случи, по целата таа приказна, дознав дека овастанало медиумска приказна кога ги видов новинарите пред полициската станица. И јас тогаш сфатив на каде оди сето ова. Тоа немаше никаква врска со какви билонедозволени активности за кои бев обвинет, гонет, за трговија или што и да е друго, штобеше првичното обвинение. Па дури и господинот од полициска станица, одличен човек, командирот на полициската станица, ми рече дека ќе направат белешка и ќе меослободат следниот час. Но ме држеа во притвор цела ноќ. И тој беше изненаден, а бешемногу љубезен господин, началникот на полицијата на централната станица. Но сега, како што знаете, Јавното обвинителство и МВР го сведоа предметот на нешто за штомаксимална казна е 200 евра и судот ќе одлучи дали и тоа ќе остане да се плати. Затоашто огнометот го набавивме легално.

Велите дека сте жител на Америка. Зошто сакате да инвестирате во Македонија? Дали етоа можеби поради блиските врски меѓу бизнисот и политиката?

Не. Не. Како прво, ја сакам оваа земја, тука пораснав, каде и да одам во светот секогашќе ја сакам оваа земја. Со сите нејзини дефекти, лоши и добри страни, со сета историја, ание како држава имаме богата историја. Значи ја сакам оваа земја. И јас постојано сеобидувам да најдам начини, бидејќи живееме во динамичен свет, во свет што се менува, каде што сега можеш да водиш бизнис од каде било во светот, а сепак да бидеш во контакт. Не е како порано пред 50 години каде што не можевте да комуницирате. Сега и технологијата, комуникациските услуги се толку добри што можете даводите бизнис од каде било во светот, како сакате да го водите. Имаме проекти овде, наскоро ќе објавиме инвестиција за дата центар кој го правиме со американски партнери овде во земјава. Станува збор за нова инвестиција од околу 15 милиони долари, која ќе биде тука во Македонија, првиот центар за податоци од тој вид. Ќе го правиме со поголемконзорциум, дел од Gondoling капитал и инвестицијата ќе создаде околу 20 високо платени работни места во Македонија.

Дали сте биле изложени на обиди за корупција или изнуда?

Во мојот живот сум видел многу работи. Сум слушнал повеќе отколку што сум видел. И ќе оставам на тоа.

Г-дин Ахмети, ви благодарам за интервјуто.