Собранискиот спикер Талат Џафери денеска ќе ја извести Комисијата за избори и именувања дали расправата за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе биде јавна или ќе се одвива зад затворени врати. Доверливиот документ со докази за случајот „Рекет“ наскоро ќе биде во рацете на пратениците.
Како што дознава Пресинг Тв од sобраниски извори, попладнево Џафери ќе го достави известувањето до претседателот на Комисијата, Илија Димовски.
Но очекувањата се дека седницата ќе биде затворена за јавноста поради чувствителноста во судските истраги, но и имињата спомнати во него. Ваквата можност ја дозволувал членот 18 од Законот за СЈО.
Претседателот на Комисијата за избори и именувања, Димовски треба да свика седница веднаш откако ќе биде потврдено дека извештајот е примен.
Comments are closed for this post.