Собранието на Република Македонија во рамки на 77-та седница попладнево донесе повеќе закони по скратена постапка меѓу кои и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, пред чие гласање опозицијата ја напушти седницата.
Измените на Кривичниот законик, поднесени од пратениците Артан Груби, Снежана Калеска-Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска и Весел Мемеди беа донесени без расправа со 64 гласа „за” и еден „воздржан”.
Со интервенцијата во членот 275-в, кој се однесува за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набавки или јавно-приватно партнерство, се отвора можноста за намалување, укинување или застарување на казните за обвинети кои се блиски со дел од пратениците кои треба да гласаат за уставните измени.
Comments are closed for this post.