редметот за бонусите е вратен во Обвинителството за организиран кримининал, потврди за „Република“ Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски. Ова значи дека е донесена одлука спротивна од наредбата на Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Има одлука за бонусите во СЈО. Предметот е вратен во Обвинителството за организиран криминал.Решението на Обвинителството за организиран криминал е укинатои дадени се напаствија за продолжување на истрагата за тоа што треба да преземе ОЈО. Целата работа се враќа за утврдување на кривична одговорност-ја објаснува Цветановски одлуката за „Република.
Вчера пак државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е поднесен предлог за дисциплинска постапка против вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи и јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски.
Цветановски претходно за Република објасни дека согледувајќи како се одвиваат работите, „држи“ муабетот од вишиот јавен обвинител Хајрулахи дека целта на сето овасо неговата суспензија е да се направи притисок за случајот за бонусите на СЈО, предмет кој се наоѓа кај него.
Притисокот кој подолго време го прави Коцевски е со цел да се потврди првостепената одлука на ВМРО-ДПМНЕ и партијата како поднесител на кривичната пријава да не се даде својство на оштетен. Според тврдењата на Хајрулахи Коцевски го повикал на 19 декември да се качи кај него.
Одам кај него, не дочека јас да го прашам ни како сте, ми се обраќа со зборовите Стигна ли предметот кај вас. Му викам Кој предмет? Вика: предметот за бонусите на СЈО. Да, викам стигна. Кај кого е? Викам кај Цветановски. Вика ќе треба да се потврди првостепената одлука и на политичка партија, на ВМРО-ДПМНЕ, како поднесител на кривичната пријава, да не се даде својство на оштетен. Му викам: обвинителе нека го проучи предметот па ќе видиме. Ги тргна наочарите, ги фрли на маса и рече: јас завршив! Тој мислеше дека има работа со обвинител кој ќе му каже секако, прифатено. Јас се симнав во мојот кабинет, го викнав обвинителот кај кого е предметот му кажав дека ќе составам службена белешка и му објаснив што е како е и кои се притисоците. Службената белешка ја доставив во Совет за јавни обвинители и тие бараа од Коцевски да се произнесе. Дали е нормално републички јавен обвинител да наметнува исход на одлука на обвинител кој не го проучил се уште предметот. Законот е дециден – јавниот обвинител во своето постапување е самостоен. Јас на мојот обвинител не можам да му наложам каква одлука да донесе – тврди Хајрулахи.
Comments are closed for this post.