Докторот Лазо Јовчески за „Република“ ги посочува главните проблеми во македонското здравство. Познатиот детски хирург е убеден дека е потребна регионализација и да не биде сѐ целиот товар на Клиниките во Скопје.
Мора да се воспоствари мерит систем.Пред осум-девет години имаше добра идеја за наградување по успешност меѓутоа со лошо избран модел и непрофункционира.Меѓутоа идејата беше добра.Приватните болници треба да постојат и нормално е пациентите некогаш да бараат подобри услови.Дали јавното здравсто ќе се приближи до приватното не знам, но мора да изградиме мрежа на здравствени услуги, т.н здравствена мапа и мора да има т.н клинички патеки и секој однапред да знае без разлика каде живее при одредено заболување каде да се обрати и во која установа.Регионалните центри се дел од таа здравствена мапа.Најчестиот третман на пациентите во внатрешноста е „ќе го пратиме во Скопје“, за жал.Во Скопје треба да се лекуваат само тешките пациенти.Најголемиот дел на здравствени услуги пациентот треба да ги добие што поблиску до местот на живеење.Компицираните случаи е во ред да се испратат во Скопје-вели докторот за „Република“.
Comments are closed for this post.