Охридскиот договор го издржа предизвикот на времето, но неговиот дух мора да се зачува уште повеќе, оценува поранешниот евроамбасадор во Скопје Ерван Фуере. Во интервју за Алсат тој вели дека политиките треба да се спроведуваат во интерес на целото општество, а не само на одредена етничка група. Тој во оваа прилика ги спомна вработувањето во администрацијата и интегрираното мултикултурно образование. За Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија Фуере вели дека е изненаден што Скопје и ЕУ не обезбедиле реципроцитет во случајот со Бугарија.
“Тоа беа тешки „апчиња“ за голтање од македонските граѓани и мислам дека ова ја докажува определбата на граѓаните и државата да ги извршуваат и постигнат главните политички цели. Многу ќе зависи од имплементацијата и како ЕУ ќе пристапи кон ова, фокусирајќи се конкретно на Договорот за добрососедство со Бугарија бидејќи за жал видовме дека што се однесува до имплементацијата, Бугарија се однесуваше повеќе како колонијална сила отколку како членка на ЕУ. Морам да кажам дека сум малку изненаден, на пример, од обврската на владата да направи уставни измени за да го признае постоењето на бугарската заедница во државата. Изненаден сум што нема отпор од владата за да се обезбеди реципроцитет по ова прашање бидејќи сите знаеме дека Бугарија и понатаму одбива да ги признае и спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права во однос на признавањето на македонската заедница во Бугарија. Затоа, ова ќе остане прашање за поделби во македонското општество и тоа е разбирливо. Исто така и прашањето дека сега некои делови од Договорот за добрососедство се дел од преговарачката рамка и мислам дека тоа навистина создава нова невидена ситуација во процесот на проширување. Токму поради недостатокот на реципроцитет за признавање на заедниците во Македонија и Бугарија, мислам дека е срамно што ЕУ дозволи тоа да се случи затоа што која е целта на овој суд доколку не се почитуваат неговите одлуки”
Comments are closed for this post.