Додека портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов денеска даваше изјава за медиумите пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, позади него застанаа неколку лица со транспаренти на кои беше испишано: „500 евра плата“, „Се задушивме од црниот живот“’.

Костадинов рече дека искрено жали што оваа група на млади луѓе застанале позади него.

Не сакам и најмалце сакам да бидат изманипулирани младите луѓе од партијата која што 11 години беше на власт и буквално ја уништи до темел државноста и државата“, рече Костадинов.