Триесет и седум годишен затвореник од затворот во Идризово успеал да им побегне на своите чувари кои го враќале од болница каде што бил на редовна здравствена проверка. Имено, станува збор за затвореникот Фидан Исеини кој издржувал затворска казна од 7 години и 7 месеци за повеќе кривични дела.
Денеска, додека тој бил транспортиран во затворот во Идризово, откако бил во Клиничкиот центар на лекарски прегледи, успеал да им побегне на двајцата чувари. Имено, тој го искористил невниманието на чуварите кои застанале да купат сендвичи.
Затвореникот го искористил невниманието на чуварите кои ја смениле рутата на движење, односно наместо да тргнат кон затворот „Идризово“ застанале по пат да си купат сендвичи, директорот Боби Мојсовски за „Фокус“.
Исеини меѓу другото бил зад решетки поради насилство, криумчарење на мигранти и предизвикување на општа опасност, а како затвореник-повратник тој имал одлежано 1 година и 6 месеци од казната.
Comments are closed for this post.