Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е одлучно во намерата да изгради општество на рамноправни граѓани. На вчерашната собраниска седница е усвоен Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Направен е значаен чекор напред, кој не приближува кон европското семејство.
Одлучно велиме не на сите форми на дискриминација, изјави Јагода Шахпаска пратеничка од СДСМ.
Цврсто сме посветени на градењето едно општество за сите, без поделби, без дискрирминација, еднакво општество на еднакви граѓани со еднакви можности.
Во Македонија за прв пат како основи за дискриминација се воведуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Се додава и нов облик на дискриминација со кој треба да се справуваме, а тоа е сегрегацијата“, рече Шахпаска.
Таа додаде дека се проширени надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во насока на превенција.
Македонија конечно ќе добие професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, ослободена од политички и партиски влијанија.
Законот за спречување и заштита од дискриминација е заеднички проект на владејачкото мнозинство и невладиниот сектор. Продолжуваме заедно со граѓаните, со институциите да градиме систем кој ќе заштитува од секаков вид дискриминација“, рече Шахпаска.
Comments are closed for this post.