Претседателот на ДИК Оливер Дерковски вели дека нема посериозни нарушувања на изборниот процес. Информираше дека попладнево се пристигнати осум нови приговори  за нарушување на гласачкото право, а  вкупно до највисокото изборно тело денеска пристигнале  10 приговори.

Најчесто приговараат граѓани со изминати важечки лични документи. Приговараат дека им е нарушено избирачкото право“, рече Дерковски.

Воглавно изборниот ден поминува мирно, рече Дерковски пред малку на прес-конференција и се надева дека денот ќе заврши без поголеми нарушувања на изборниот процес.