Поради градежни  активности за формирање прекоп за подземни инсталации до 14 часот денеска на дел од булевар АСНОМ во Општина Аеродром, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим.

Со времениот режим ќе биде зафатен потегот меѓу крстосниците со булевар Србија и со булевар Васко Карангелески, каде што за сообраќај се користи сервисната улица помеѓу Хотел Хилтон и Хотел Русија.

Времен режим на булеварот АСНОМ ќе има и утре (сабота) во период од 7 до 18 часот и тоа поради градежни активности во близина на мостот Тодор Александров. Во тој период, сообраќајот ќе се одвива во неколку сообраќајни ленти во двете насоки и овој времен режим на сообраќај ќе важи до завршување на активностите.

Градот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, воедно почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.