Уапсениот дипломат Миле Миленковски во затворот во Врање чека дали ќе биде екстрадиран во Ерменија поради тоа што со уште двајца колеги со приватен авион успеал да го извлече од Ерменија Бранислав Димитријевиќ, македонски инжинер кој бил обвинет за проневера.
Димитријевиќ е непознат во Македонија но во Ерменија е познат бидејќи е под обвиненит со братот на поранешен претседател,анализира емисијата „Код“.
Тројцата дипломати на први октомври 2019 година се упатиле кон Ерменија со приватен авион кој го управувале пилоти од Украина и Бугарија и во друштво на четврт Македонец Зоран Спиров кој имал обичен македонски пасош. Ги предводел Миле Миленковски.
Кога слетале во Ереван се одржувал евроазиски форум на кој бил и претседателот на Русија Владимир Путин.
По завршената задача пасошот на Спиров го зел Димитријевиќ кој градежен инжинер познат по луксузниот живот вљубеник во авијација и сопственик на чамци во Хрватска.
.Но, тој бил избран за надзор на коридорот Север-Југ во Ерменија. Но тој бил осомничен за проневера во Ерменија заедно со братот на претседателот и ветил дека нема да бега од земјата.
На име Спиров избегал од Ереван а скандалот бил откриен кога вистинскиот Спиров останал во Ерменија и пријавил дека го изгубил пасошот.
Но ерменските служби забележале дека Спиров, т.е Димитријевиќ со пасошот излегол од земјата на аеродромот и оти не може да му е изгубен.
И тука веќе бил запален алармот…..
Comments are closed for this post.