Мојата земја денес, Северна Македонија, е успешна приказна која треба да биде охрабрена и поддржана ако сакаме да направиме разлика. Најголемата научена лекција од сето ова е дека ние можеме да направиме разлика.
Ова го истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров во обраќањето вчера во германскиот Бундестаг на дебатата „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, од која видео е прикачено на неговиот фејсбук профил.
И покрај тешката политичка ситуација во Европа денес, претстојните европски избори, сите прашања кои се поврзани со тоа, едноставно го немаме луксузот да не успееме во создавањето успешни приказни. Мојата земја Северна Македонија денес е успешна приказна која треба да биде охрабрена и поддржана ако сакаме да напарвиме разлика. Најголемата научена лекција од сето ова е дека ние можеме да направиме разлика. Ништо од ова, ниту помирувањето, ниту Преспанскиот договор не беше неизбежно. Напротив, се случи бидејќи ние тоа го направивме, заедно со лидерстово во Атина, кажа Димитров.
Comments are closed for this post.