Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на својот фејбук профил денеска објави дека нема и никогаш немал друго државјанство освен македонското.

Смета дека граѓаните апсолутно имаат право да знаат колку (и какви) пасоши имаат политичарите.

– Поттикнат од иницијативата на новинарот Горан Михајловски, јавно соопштувам дека немам и никогаш не сум имал друго државјанство покрај македонското, напиша на Димитров на ФБ.

Поттикнат од иницијативата на новинарот Горан Михајловски, јавно соопштувам дека немам и никогаш не сум имал друго…

Posted by Никола Димитров – Nikola Dimitrov on Tuesday, December 15, 2020