Сите ние овде, но исто така и во Европа, ги слушнавме телефонските разговори кои беа објавени во 2015 година, а кои индицираат огромни злоупотреби на функциите, изборни измами и корупција. Помислата дека авторитaрен владетел кој оставил зад себе такво наследство, а сега осуденик, од земја кандидат за членство во ЕУ ќе бара спас од раката на правдата во земја членка на ЕУ, не може воопшто да се проголта. Да не го заборавиме и податокот дека, како поранешен премиер, тој исто така користеше и полициско обезбедување составено од полициски службеници кои самиот ги одбрал, коешто ги прави наводите за постоење закани кон неговата лична безбедност целосно лажни, изјави Димитров.
Димитров: Не може да се проголта тоа што Груевски бара спас во земја членка на ЕУ

Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.